Дописници МКДОпштински вести

Поддршка од Јапонија за собирање податоци во управувањето со водните ресурси на Охридското Езеро

Основните цели на Проектот за собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро во Република Северна Македонија и претставување на обемот на активности во рамки на експертската мисија беа тема на разговор на денешниот работен состанок во Министерството за животна средина и просторно планирање претставници од студискиот тим на Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency).

Охрид, 21 септември 2021 (МИА) – Основните цели на Проектот за собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро во Република Северна Македонија и претставување на обемот на активности во рамки на експертската мисија беа тема на разговор на денешниот работен состанок во Министерството за животна средина и просторно планирање претставници од студискиот тим на Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency).

Според соопштението од МЗСПП, предвидено е во процесот да бидат вклучени и општините Охрид и Струга како и јавните претријатија „Колекторски системи Скопје“, „Водовод“ од Охрид, „Нискоградба„ од Охрид и Водовод и Канализација“ од Струга.

По завршување на експертската мисија ќе биде подготвен извештај што ќе ги посочи потребните мерки за подобрување на квалитетот на водите на Охридското езеро, како и мерките за подобрување на оперативните капацитети на системите за собирање и третман на отпадните води.

Јапонската агенција за меѓународна соработка и во минатото даваше поддршка на проекти за подобрување на квалитет на водите во Охридското Езеро. Преку испитувања на проблемите на Колекторскиот систем за отпадни води јапонските експерти изготвија студија со конкретни мерки и зафати за подобрување на системот, поправка и рехабилитација на оштетените цевки, надградба на инфраструктурата, воведување нови технологии, изготвување на база на податоци. аб/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close