Локални избори 2021Политички партии

Поддршка за Димитриевски од „Алијанса на Албанците“ и „Алтернатива“

Шефовите на изборните штабови на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и коалицијата на „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ потпишаа меморандум за соработка. Тие ги повикаа кумановци на 31-ви октомври, во недела, да му дадат поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари на поддршката на коалицијата.

Куманово, 27 октомври 2021 (МИА) – Шефовите на изборните штабови на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и коалицијата на „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ потпишаа меморандум за соработка. Тие ги повикаа кумановци на 31-ви октомври, во недела, да му дадат поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари на поддршката на коалицијата.

-Ова е почеток на една плодна политичка соработка меѓу граѓанското движење „За наше Куманово“ и Алијансата на Албанците и Алтернатива. Ние ја бараме поддршката од сите граѓани на Куманово без разлика на нивниот политички предзнак. Веруваме и убедени сме дека во вториот круг ќе извојуваме уште поголема победа. Се работи за еден политички концепт и субјект кој сака во иднина да делува исклучиво од и за граѓаните. Ние нема да се водиме исклучиво по процент, туку по принцип на унапредување на можностите и правата на сите граѓани. Куманово има простор за работа на сите полиња. Повеќе од јасно е дека на градот му недостасуваат многу проекти, истакна Димитриевски.

Најави дека доколку победи, во следниот мандат, ќе се обиде да реши што повеќе проблеми кои ги засегаат граѓаните, не правејќи притоа разлика за нивната етничка, верска или каква било друга определба.

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците, Хузаир Мустафи и противкандидатот од првиот круг Беким Салиу рекоа дека заеднички ќе ги реализираат предвидените проекти од програмата за подобар живот на граѓаните. ам/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close