Дописници МКДОпштински вести

Подготвителни работи за реконструкција на три велешки улици

Општина Велес вчера започна со подготвителни градежни работи за реконструкција на асфалтен слој на улицата „Петре Поп Арсов“ кај Средношколскиот интернат, а најавена е реконструкција на уште две улици.

Велес, 19 октомври 2021 (МИА) – Општина Велес вчера започна со подготвителни градежни работи за реконструкција на асфалтен слој на улицата „Петре Поп Арсов“ кај Средношколскиот интернат, а најавена е реконструкција на уште две улици.
Како што информираат за МИА од одделението за градежништво на Општина Велес, сега се врши ископ на улицата, потоа ќе се тампонира и на крај ќе се асфалтира. Тие појаснија дека работите кои вчера  започнаа ќе траат во наредните денови.
-Поради градежните активности и примена на градежна механизација ќе дојде до нарушување на нормалното одвивање на сообраќајот по оваа улица „Петре Поп Арсов“ од спој со улицата „ Христо Татарчев“ наспроти Интернатот се до спој со улицата „Христо Татарчев“ кај бр 20 која води кон ССОУ „Коле Неделковски“, информираа од општината на нивната веб страница

Воедно апелираат и ги замолуваат за разбирање и трпение граѓаните кои користат пристап со возило до гаража или двор преку оваа улица да ги преместат возилата на друга локација, со цел да се создадат услови за непречено изведување на градежните активности.

Од оваа одделение информираа дека ќе започнат и подготвителни работи за реконструкција и на улицата „Енгелсова“ која е  во близина  на полиција и СИЗ за домување, како и на улицата „Архиеписком Михаил“ која води кон градинката во близина на ООУ „Св Кирил и Методиј“ во стариот дел од градот. ад/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close