0_Спорт.ПорталФудбал

Погба ќе стане еден од најплатените играчи во историјата на Премиер лигата

Фудбалерот за врска Пол Погба одлучи да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Според „Л’Екип“, 28-годишниот Французин за ова ги известил своите агенти.

Лондон, 7 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска Пол Погба одлучи да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Според „Л’Екип“, 28-годишниот Французин за ова ги известил своите агенти.

Се забележува дека Погба ќе добие една од највисоките плати во историјата на англиската Премиер лига.

Французинот оваа сезона одигра девет натпревари за Манчестер јунајтед и креираше седум асистенции.

Претходните две години, Погба постојано беше на „излезна“ врата од Манчестер јунајтед и не ги прикажуваше очекуваните игри, но во тековната сезона тој е еден од најдобрите во тимот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close