Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Повеќемина повредени во сообраќајна несреќа во Кумановско

Шест лица, возачи и сопатници од „ауди“ и „форд“ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје во атарот на кумановското село Љубодраг, соопшти денеска МВР.

Куманово, 31 октомври 2021 (МИА) – Шест лица, возачи и сопатници од „ауди“ и „форд“ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје во атарот на кумановското село Љубодраг, соопшти денеска МВР.

Несреќата во кумановската полиција била пријавена вчера во 18:40 часот. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од педесетгодишниот Р.И.од село Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од шеесет и петгодишниот Ј.А. од село Никуштак.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с. Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с. Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово, соопштиија од МВР.

Екипа на СВР Куманово извршила увид. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close