0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерТенис

Победа и пораз за македонските тенисери во Анталија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак обезбеди денеска пласман во 2. коло на ИТФ турнирот во Анталија, додека Александра Симева го заврши настапот во женска конкуренција.

Анталија, 1 декември 2021 (МИА) – Македонскиот тенисер Горазд Србљак обезбеди денеска пласман во 2. коло на ИТФ турнирот во Анталија, додека Александра Симева го заврши настапот во женска конкуренција.

Србљак (958 ба АТП листата) во воведното коло на главниот турнир во Анталија го совлада Португалецот Жаиме Фариа (1849) со максимални 2:0 во сетови. Македонскиот тенисер го доби првиот сет со 6:3, а во вториот му препушти само еден гем на противникот.

Во женска конкуренција, македонската тенисерка Симева со три победи во квалификациите избори настап на главниот турнир, но во првото коло загуби денеска од Русинката Дарија Лодикова (735 на ВТА листата) со 6:1, 6:2 во сетови. ег/оџ/

 

 

Back to top button
Close
Close