0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

ПМФЛ: Домашните екипи без ниту една победа

Три победи на гостинските екипи и само еден нерешен резултат е епилогот по денешните четири натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Скопје, 14 август 2022 (МИА) – Три победи на гостинските екипи и само еден нерешен резултат е епилогот по денешните четири натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев му нанесе тежок пораз на Работнички, Струга и Тиквеш со само еден постигнат гол запишаа по три бода на своето салдо.

Резултати на неделните средби од ПМФЛ:

Брегалница – Струга 0:1

Победа – Тиквеш 0:1

Работнички – Академија Пандев 0:5

Шкендија – Силекс 1:1.

Вчера, Шкупи – Македонија ЃП 2:1

Слободна беше екипата на Скопје.

Струга е лидер на табелата со максимални шест бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close