СпортФудбал

ПМФЛ: Гостинска победа на Академија Пандев во Тетово

Фудбалерите на Академија Пандев попладнево ја совладаа Ренова на гостувањето во Тетово со 2:1 (1:0) во воведниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Тетово, 27 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерите на Академија Пандев попладнево ја совладаа Ренова на гостувањето во Тетово со 2:1 (1:0) во воведниот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Гостите од Струмица ги обезбедија трите бодови со головите на гамбискиот интернационалец, Маронг Оусман, во 42 минута и Мартин Мирчевски во 77 минута, а почесниот гол за Ренова беше дело на Ремзи Селмани во судиското продолжение.

Со триумфот, Академија Пандев се зацврсти на второто место на табелата со 31 бодови, шест повеќе од третопласираната Ренова и само бод заостанување зад лидерот Шкупи.

Преостанатите пет натпревари се на програмата в недела со почеток од 13 часот, а се среќаваат Брегалница – Борец, Македонија ЃП – Шкендија, Пелистер – Скопје, Шкупи – Струга и Тиквеш – Работнички.

Табела: Шкупи 32 бодови, Академија Пандев 31 (+1), Ренова 25 (+1), Шкендија 24, Струга 22, Брегалница 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4. ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close