Култура

„ПМГ Рекордингс“ Фестивалот и оваа година дел од „Бела ноќ“

И оваа година „ПМГ Рекордингс“ Фестивал ќе биде дел од популарната бела ноќ, а ќе се реализира на два музички подиуми, со слободен влез за сите љубители на квалитетна современа домашна музика.

Скопје, 25 септември 2021 (МИА) – И оваа година „ПМГ Рекордингс“ Фестивал ќе биде дел од популарната „Бела ноќ“, а ќе се реализира на два музички подиуми, со слободен влез за сите љубители на квалитетна современа домашна музика.

Првиот подиум ќе биде поставен во МКЦ паркот и е резервиран за бендовскиот дел од програмата. На овој подиум бендот ПМГ Колектив ќе го претстават материјалот од најновиот албум „Fraternité“. На истото место посетителите ќе имаат можност да ги проследат и Сетстат, Марија Каева, Блекстејт и Луфтханза.

Вториот подиум кој ќе биде поставен на МКЦ плато е резервиран за електронска танц музика, каде во живо ќе настапи електро дуетот Диџеј Магија, а со диџеј сетови ќе се претстават Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ Uх од фантастичното Амок Радио.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close