Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Планинарското „Орле” одбележа 60 години постоење

Со изложба на фотографии, како и на планинарска, спелеолошка и алпинистичка опрема, вечерва беа одбележани 60 години од постоењето на Планинарско спортското друштво „Орле" од Кавадарци.

Кавадарци, 2 декември 2021 (МИА) – Со изложба на фотографии, како и на планинарска, спелеолошка и алпинистичка опрема, вечерва беа одбележани 60 години од постоењето на Планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци.

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” посетителите можат да погледнат околу 200 фотографии од многубројните планинарски акции и доживувања во земјава и странство.

Претседателот на друштвото, Никола Минчоров информираше дека во „Орле” во моментов членуваат сто возрасни и 40 млади планинари од двата пола, а најстариот има 89 години.

Минчоров се осврна и на планинарските домови со кои располагаат како и на стазите кои им се маркирани, за полесна ориентација на љубителите на природата.  свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close