Граѓански секторДописници МКДОпштествоОпштински вести

Питомците од воениот кампус во Пепелиште донираа во Дневниот центар „Порака” Неготино

Питомците од воениот летен кампус, што деновиве се одржува во Центар за обука Пепелиште, денеска  донираа во Дневниот центар за помош на лица со попреченост „Порака" Неготино.

Неготино, 29 јуни 2022 (МИА) – Питомците од воениот летен кампус, што деновиве се одржува во Центар за обука Пепелиште, денеска  донираа во Дневниот центар за помош на лица со попреченост „Порака” Неготино.

Диана Костадинова, офицер за цивилно воена соработка на кампусот, појасни за МИА дека донацијата се состои од 150 војнички маренди и собрани пластични шишиња.

Таа потсети дека на кампусот учествуваат питомци од воените академии на 16 држави. Северна Македонија, Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, Соединетите Американски држави, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Карло Иванковиќ од Хрватска информираше дека во Пепелиште се две седмици, работат тимски, разменуваат искуства и стекнуваат нови пријателства.

– Истовремено ја запознаваме локалната култура и даваме придонес во локалната заедница. Сето ова ќе ми остане во убаво сеќавање, рече Иванковиќ.

Питомецот на македонската армија, Ристе Голчев нагласи дека Армијата е од луѓето, за луѓето. Тој соопшти дека традиција е, на армијата и на летниот кампус, за време на теренски активности, секогаш да се помага на заедницата.

Аделина Стан од Романија беше децидна дека заедно одговараат на сите предизвици и создаваат пријателски врски помеѓу питомците, кои траат. Таа изрази задоволство од можноста, покрај во воено вежбовни, да учествува и во хуманитарни активности.

– Се откажавме од нашата маренда, за да ја донираме и со тоа да предизвикаме насмевка, кај оние коишто имаат потреба од наша поддршка, додаде Стан.

Од „Порака” изразија задоволство од соработката и дружењето со питомците кое е традиција години наназад.  свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close