0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Пиоли: Јуве е во одлична форма, Mилан треба да победи за да се одлепи од него

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сподели своите очекувања за натпреварот против Јувентус во 23. коло од Серија А.

Милано, 22 јануари 2022 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сподели своите очекувања за натпреварот против Јувентус во 23. коло од Серија А.

– Очигледно сме во добра позиција, но исто така е јасно дека Јувентус е во одлична форма по тешкиот почеток. Просечното играње нема да биде доволно – треба да одиграме извонреден натпревар. И ние сме способни за тоа. Тоа не е одлучувачки натпревар, туку важен бидејќи Јувентус во моментов ја покажува својата сила. Тој е зад нас на табелата, и важно е да победиме за уште повеќе да се одлепиме од него. Во првиот натпревар се играше изедначено. Примивме лош гол по сопствена грешка. Очекувам дека натпреварот ќе биде избалансиран, двете екипи ќе се борат за секоја топка и секој сантиметар од теренот. Калабрија, Ромањоли и Бенасер, тројца важни играчи, се вратија и добро им оди. Истото важи и за Ибрахимовиќ. Достапен е и Тонали, изјави, Пиоли.

Големото дерби на италијанскиот фудбал ќе се одигра утревечер (20:45 часот) во Милано. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close