0_Спорт.ПорталФудбал

Пиоли: Напредуваме и треба да продолжиме во тој дух

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешната победа во 7. коло од италијанското првенство против Аталанта (3:2), рече дека неговиот тим покажува напредок.

Милано, 4 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешната победа во 7. коло од италијанското првенство против Аталанта (3:2), рече дека неговиот тим покажува напредок.

– Милан одигра одлично – со соодветен интензитет, енергија и квалитет. Ова е одличен крај на серијата тешки натпревари. Милан напредува и во Лигата на шампионите и во Серија А, затоа треба да продолжиме во тој дух. Аталанта отсекогаш ни давала големи проблеми. Играат добро на ниво на врвна екипа, така што имајќи можност да играме со нив на исто ниво и да ги победиме, навистина напредуваме, истакна Пиоли за „Фудбал Италија“.

Милан со 19 бода е на второто место во поредокот во Серија А, Аталанта е на осмата позиција со 11 бодови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close