0_Спорт.ПорталОстанато

Пингпонгарската федерација во соработка со АМС донираше опрема за ОУ Партенија Зографски

Македонската пингонгарска федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт донираше опрема на ОУ Партенија Зографски од Скопје.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Македонската пингонгарска федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт донираше опрема на ОУ Партенија Зографски од Скопје.

– Позитивно одговоривме на апелот од страна на училиштето за помош, за донација на спортска опрема. Со цел за зголемување на физичката активност на учениците, која е важен фактор за ученикот да има здрав психофизички развој, како и за развој и популаризација на пинг-понгот како спорт, дониравме рекети, топчиња и мрежи, соопштија од Пингпонгарската федерација.

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски од Скопје е единствено средно стручно училиште за ученици со посебни потреби (оштетен слух и говор) кој со своите активности е насочен кон овозможување на учениците да стекнат средно образование, работно оспособување и едукација на децата со оштетен слух и пречки во говорот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close