Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: Урбанизацијата на Охрид мора да ги следи законските прописи

Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, односно урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаени од УНЕСКО. Сите активности во иднина мора да се спроведуваат согласно законската регулатива, за да не се случува неконтролирана урбанизација на градот, порача во денешното обраќање пред јавноста Кирил Пецаков, канидидатот за градоначалник на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Охрид, 29 септември 2021 (МИА) – Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, односно урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаени од УНЕСКО. Сите активности во иднина мора да се спроведуваат согласно законската регулатива, за да не се случува неконтролирана урбанизација на градот, порача во денешното обраќање пред јавноста Кирил Пецаков, канидидатот за градоначалник на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во насока на правилна урбанизација тој се обврза на реконструкција на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“, со нов и модерен изглед, осветлување и канделабри, фонтана, клупи, корпи за отпадоци и друга урбана опрема.

– Покрај нив имаме реконструирање на постоечките плоштади изградени во време кога со Локалната самоуправа раководеше ВМРО-ДПМНЕ. За жал, овие четири години власта ги остави плоштадите запустени и неосветлени. Од ,,проектите се во завршна фаза”, па ,,проектите се готови” и ,,е аплицирано за одобрение”, сега гледаме едно големо ништо. Јавните површини мора да добијат современ лик каков што му доликува на Охрид како главен туристички и културен центар, рече Пецаков. аб/цр

Таг
Back to top button
Close
Close