Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: Проекти за светла иднина во Воска, Далјан, „15 Корпус“ и „Железничка“

Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ најави проекти за „нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, „15 Корпус“ и „Железничка“.

Охрид, 27 октомври 2021 (МИА) – Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ најави проекти за „нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, „15 Корпус“ и „Железничка“.

За жителите во населбите Воска и Далјан предвидено се реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современо детско игралиште, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница, како и партерно уредување на речното корито на река Грашница.

Во населбата „15 Корпус“ предвидено е асфалтирање на краци на улиците „15 Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“, „Александар Турунџев“, „Кленоец“ и „Веле Марков“, потоа поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“, партерно уредување на коритото на река Сушица.

За населба „Железничка“ Пецаков гарантира изградба и реконструкција на современо детско игралиште, изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“, промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“, како и асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“. аб/вј/

Back to top button
Close
Close