Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта

азубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначелник на Охрид.

Охрид, 28 октомври 2021 (МИА) – Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначелник на Охрид.

Пецаков посочи дека уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување.

-Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време, вели тој.

Според него, новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид. аб/дма/

Back to top button
Close
Close