Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: На граѓаните на Охрид им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања

Иако, престојат уште две седмици, воопшто да немате двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа. Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, изјави на денешната прес - конференција кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата предеводена од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Охрид, 19 октомври 2021 (МИА) – Иако, престојат уште две седмици, воопшто да немате двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа. Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, изјави на денешната прес – конференција кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата предеводена од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Според Пецаков, победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат. Затоа народот одлучи за промени, промени за, како што вели, поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа.

– Проекти за подобро живеење на сите борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери од општественото живеење. Да излеземе и да се избориме сите заедно, сега е времето наше да застанеме цврсто гордо и достоинствено. Охрид и Македонија се на чекор до конечна победа. Продолжуваме кон промени проекти ипобеди создаваме нова и светла иднина за Охрид и охриѓани, потенцира Пецаков. аб/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close