Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков најавува ревитализација на Студенчишкото Блато

Кандидатот за градоначлник на Охрид предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма има проект за ревитализација на Студенчишкото Блато, како важен дел од пошиторкиот еко-систем на Охридското Езеро.

Охрид, 22 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначлник на Охрид предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма има проект за ревитализација на Студенчишкото Блато, како важен дел од пошиторкиот еко-систем на Охридското Езеро.

Според она што го посочува Пецаков во статусот објавен на неговиот официјален фејсбук-профил, во рамките на ревитализацијата e опфатено и воспоставување поврзаност меѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали. Просторот околу нив ќе биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо-табли со презентирани информации поврзани со блатото. На одредени точки поставување и видиковци од каде што посетителите добиваат подобра слика за целиот простор.

-Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштит на ендемичната охридска пастрмка, зголемување на протокот на вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците. На тој начин се обезбедува зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на општина Охрид во биосферен резерват, објавува Пецаков. аб/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close