Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта

Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата-нашата иднин да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, изјави Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Охрид, 26 октомври 2021 (МИА) – Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина – да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики, изјави Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пецаков, во село Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исто такви игралишта ќе бидат поставени и на уште на две локации, најави тој.

Пецаков вели оти децата треба да имаат простор каде ќе уживаат во безгрижното детство и затоа се определуваат тие да добијат повеќенаменски и спортски игралишта.  аб/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close