Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во својата изборна програма најави изградба на велосипедската патека од Охрид до Свети Стефан за безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба.

Охрид, 27 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во својата изборна програма најави изградба на велосипедската патека од Охрид до Свети Стефан за безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба.

-Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина, вели Пецаков.

Проектот покрај задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед, придонесува за подобрена туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите. аб/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close