Дописници МКДОстанатоСпорт

Петти триумф на Женскиот одбојкарски клуб „Ускана“ во седмиот првенствен натпревар

Екипата на Женскиот одбојкарски клуб „Ускана“ Кичево, со убедливата победа над екипата на Куманово од 3-0 во сетови, ја извојува петтата првенствена победа во оваа сезона.

Кичево, 27 ноември 2021 (МИА) – Екипата на Женскиот одбојкарски клуб „Ускана“ Кичево, со убедливата победа над екипата на Куманово од 3-0 во сетови, ја извојува петтата првенствена победа во оваа сезона.

Победникот на натпреварот во Кичево во ниту еден момент не беше доведен во прашање и во сите три сета домашните одбојкарки доминираа на паркетот, а тренерот Бејтула Емини им даде шанса и на младите одбојкарки, кои во целост ја оправдаа довербата на својот стратег.

Мечот траеше 60 минути а резултатот по сетови беше следниот, 25-15, 25-11 и 25-21.

Од домашната екипа беа презадоволни од остварената победа и прикажаната игра.

– На денешниот натпревар во целост ја потврдивме улогата на апсолутен фаворит на мечот со Куманово. Во сите три сета доминиравме на паркетот и нашите девојки ја прикажаа една од најдобрите игри во оваа првенствена сезона. Радува фактот што младите одбојкарки на „Ускана“ во целост ја искористија својата шанса и дадоа полн придонес во нашиот петти есенски триумф. Победничката серија очекуваме да ја продолжиме и на наредниот првенствен натпревар кога гостуваме во Струмица, рече Башким Мехмеди, претседател на клубот.

Околу 200 гледачи присутни во салата „Христо Узунов“ во населба Иванидол, презадоволни го напуштија натпреварот. за/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close