Дописници МКДОпштински вести

Петнаесет лица се соочуваат со пријави за учество тепачка

Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар, каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

Гостивар, 12 август 2022 (МИА) – Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар, каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.

– Вчеравечер (11 август) околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

Истата вечер, лишени од слобода и одведени во полициската станица биле: Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен. згм/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close