Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Петар Давитковски го фати Светиот крст во водите на Вардар во Неготино

Голем број неготинци денеска присуствуваа на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици, со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст. Десетина  момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови, кој прв го  фати крстот.

Неготино, 19 јануари 2022 (МИА) – Голем број неготинци денеска присуствуваа на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици, со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст. Десетина  момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови, кој прв го  фати крстот.

– Од мое лично име и од име на општината Неготино на сите им честитав на храброста, а на Петар му врачив подарок-телевизор. Тој од МПЦ,, Свети Атанасиј,, доби библија и икона, а од генералниот спонзор ,,Зегин”, машина за перење. На сите православни христијани од општина Неготино им го честитам празникот Богојавление-Водици со желби за добро здравје и среќа. Бог се јави, рече градоначалникот Горан Стојанов. свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close