Општински вестиСкопје

Перински изврши увид во работните активности за отстранување дефект на бул. „Александар Македонски“

Генералниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје Златко Перински денеска изврши увид во работните активности за отстранување на дефектот на водоводна цевка ф-600 на булеварот „Александар Македонски“, кај „Кремисимо“.

Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) – Генералниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје Златко Перински денеска изврши увид во работните активности за отстранување на дефектот на водоводна цевка ф-600 на булеварот „Александар Македонски“, кај „Кремисимо“.

За поголема ефикасност во изведбата на работните активности, две коловозни ленти на булеварот се затворени. Протокот на возила е овозможен само на една коловозна лента.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, врз основа на планот за работа не се очекува прекин во водоснабдувањето. Но, во случај да дојде до непредвидени проблеми, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на општина Гази Баба, населбите Автокоманда, Ченто, Сингелиќ, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподрум и хотел „Белви“.

-Одлуката да се изведат овие работни активности денеска, е токму заради местоположбата и затвoрањето на дел од булеварот. Екипите на „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе бидат на терен до целосно отстранување на дефектот и ставање во употреба на водоводната мрежа за граѓаните. Со отстранување на овој дефект водоводната мрежа ќе биде ставена во употреба за граѓаните, во тој дел на градот, без понатамошни потешкотии и застои во водоснабдувањето, се наведува во соопштението. мд/ир/

Таг
Back to top button
Close
Close