0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Пендаровски учествуваше на партнерската сесија на Северноатлантскиот совет

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на втората сесија на состанокот на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и влади, посветена на партнерствата на НАТО со држави и организации на глобално ниво, во рамки на Самитот на НАТО во Мадрид.

Мадрид, 29 јуни 2022 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на втората сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, посветена на партнерствата на НАТО со држави и организации на глобално ниво, во рамки на Самитот на НАТО во Мадрид.

Како што информира прес-службата на Пендаровски, во своето обраќање тој нагласил дека во овие времиња на криза, важно е да се покаже дека единството во рамки на НАТО и соработката со партнерите на глобално ниво е најголемиот адут за гарантирање на меѓународниот мир.

-Во таа насока, тој додаде дека покрај поддршката која ѝ се дава на Украинаважно е да се зајакнува партнерството и да се дава поддршка и на другите земји-партнери кои би можеле да се соочат со предизвици, како што се Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, се вели во соопштението.

Пендаровски ја поздравил и денешната одлука за формална покана на Финска и Шведска да се приклучат кон Алијансата.

Тој посочил дека политиката на отворени врати на НАТО беше комплементарна со политиката на проширување на ЕУ, што имаше позитивни ефекти за милиони граѓани низ Европа.

Во таа насока, претседателот нагласил дека е потребно да се забрза процесот на пристапување кон Европската Унија со што ќе се придонесе за консолидирање на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close