Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пекевски: Развојот продолжува, ги имаме најдобрите проекти за нашата општина

Изградба на репрезентативен, урбано уреден и осветлен пат од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Берово до влезот кон туристичка населба „Абланица“. Презентирајки дел од програмата, кандидатот за втор мандат од СДСМ и коалицијата, Звонко Пекевски истакна дека реализацијата на ваквиот проект ќе биде дополнителна промоција на туристичката понуда на Берово, здравиот животен стил, како и активниот и рекреативен туризам.

Берово, 9 октомври 2021 (МИА) – Изградба на репрезентативен, урбано уреден и осветлен пат од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Берово до влезот кон туристичка населба „Абланица“. Презентирајки дел од програмата, кандидатот за втор мандат од СДСМ и коалицијата, Звонко Пекевски истакна дека реализацијата на ваквиот проект ќе биде дополнителна промоција на туристичката понуда на Берово, здравиот животен стил, како и активниот и рекреативен туризам.

– Една од поголемите перспективи, односно креирање имиџ на општината е заштита на културното богатство, заштита на природните реткости со цел да се зголемат можностите за привлекување локални и интернационални туристи. Горенаведениот проект сметаме дека ќе биде дополнителна промоција на туристичката понуда на Берово, здравиот животен стил, активниот и рекреативен туризам. Проектот е наменет за планинари и спортисти, домашни и странски туристи, а придобивка ќе имаат спортските и планинарски клубови, придонесувајќи за развојот на планинарскиот туризам, рече Пекевски.

Во таа насока најави и изградба на нови модерни спортски терени во околината и пешачка патека околу езерото, која ќе биде осветлена и обновување на кајакарскиот клуб и изградба на адреналински парк, кој ќе биде во рамките на кајакарскиот дом.

Развојот на туризмот во голема мера според кандидатот на коалицијата „Најдоброто за Берово“ зависи од способностите, знаењата и компетенциите на луѓето вклучени во туризмот, поради што најави дека ќе се залага за поголема едукација и континуирана надградба на лицата коишто работат во областа на туризмот, но и едукација и зајакнување на капацитетите на локалното население.

– Поголем акцент во областа на туризмот ќе биде даден на организирање и презентација на саеми, поддршка на културни и спортски манифестации, промовирање на гастрономијата како дел од културата на регионот, промоција на манастирска тура, промоција и одржување на постојните пешачко-велосипедски патеки, изработка на промотивен материјал од областа на туризмот, реконструкција на стари куќи и објекти (етнокуќи) за развој на руралниот туризам, подвлече Пекевски, напоменувајки дека вредноста на проектот се предвидува да биде 14 милиони денари, а рокот на изведба е 2023 година.

Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот, истакна кандидатот за втор мандат, поради што ги повика граѓаните на 17 октомври да го заокружат број 12 и да гласаат за Најдобрите проекти за Берово. вс/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close