Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пекевски во Смојмирово презентираше дел од програмата ,,Најдоброто за Берово”

Во изминатите години градевме посветено и отчетно, а разликата е очигледна. Ова пред жителите на Смојмирово го истакна кандидатот за градоначалник од коалицијата ,,Најдоброто за Берово", Звонко Пекевски кој заедно со кандидатите за листата на советници даде свој отчет за сработеното  презентирајки дел од предвидените проекти  планирани за кало што рече неговиот втор мандат.

Берово, 9 октомври 2021 (МИА) – Во изминатите години градевме посветено и отчетно, а разликата е очигледна. Ова пред жителите на Смојмирово го истакна кандидатот за градоначалник од коалицијата ,,Најдоброто за Берово”, Звонко Пекевски кој заедно со кандидатите за листата на советници даде свој отчет за сработеното  презентирајки дел од предвидените проекти  планирани за кало што рече неговиот втор мандат.

-Од секојдневните средби, кои ние како коалиција ги остваруваме, можеме да забележиме дека граѓаните на Берово се задоволни од сработеното, тоа постојано го истакнуваат, особено што сите знаеја дека Берово беше презадолжена општина. Нејзиниот вкупен долг, кога дојдов на функцијата градоначалник, беше колку едногодишен општински буџет. Четирите години работевме чесно, отчетно, транспаретно и со план. Успеавме да ја раздолжиме општината, да ја направиме ликвидна и стабилна, а во исто време да градиме од Двориште до Берово и од Берово до Митрашинци и тоа градевме капитални проекти, во интерес на сите граѓани на Општина Берово, потенцираше Пекевски.
Истакна дека во овој четиригодишен мандат имаше проекти кои директно го унапредија квалитетот на животот на жителите на Смојмирово и тој ритам ги посочи плановите со слично темпо да продолжи и во иднина.
-Еден од капиталните проекти кои се реализираше во овој четиригодишен мандат, а го подобри квалитетот на живот на жителите од село Смојмирово е улицата од регионалниот пат до црквата во селото. Потпишан е договор и за реконструкција на главната улица во селото, улицата Маршал Тито. Направена е дел од водоводната линија во селото. Реконструкцијата на дел од регионалниот пат Берово – Виница и Берово – Делчево го подобри квалитетот на патната инфраструктура кои се придобивка за жителите на општината, додаде Пекевски.
Ги повика жителите на Смојмирово на 17 октомври со заокружување на број 12 да го изберат најдоброто за себе, да ја поддржат демократијата, проектите и напредокот наспроти гипс картонот, бронзата, режимот и крадењето. вс/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close