Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа

Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Велес, 21 ноември 2022 (МИА) – Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Како што информираа за МИА од велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила. ад/цр

Таг
Back to top button
Close
Close