Дописници МКДОпштински вести

Парична поддршка за идните гимназијалци кои образованието ќе го продолжат во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица и Рудник Саса и годинава обезбедија парична поддршка за учениците кои своето обраование ќе го продолжат во каменичката гимназија „Миле Јаневски - Џингар". Заблагодарувајќи се за поддршката, директорката Данче Донева-Гоцевска во рамки на денешниот Отворен ден информираше дека годинава за три образовни профили е зголемена паричната помош за идните гимназијалци.

Македонска Каменица, 27 мај 2022 (МИА) – Општина Македонска Каменица и Рудник Саса и годинава обезбедија парична поддршка за учениците кои своето обраование ќе го продолжат во каменичката гимназија „Миле Јаневски – Џингар”. Заблагодарувајќи се за поддршката, директорката Данче Донева-Гоцевска во рамки на денешниот Отворен ден информираше дека годинава за три образовни профили е зголемена паричната помош за идните гимназијалци.
-Како новина во нашето училиште од учебната година 2022/2023 од страна на Општина Македонска Каменица е обезбеден еднократен паричен додаток во износ од 20.000 денари за секој запишан ученик во гиманзиско образование, техничар за дизајн на облека и геолошко-рударски техничар, рече Донева-Гоцевска.
Машинската струка како дуална паралелка со склучен меморандум за соработка со рудник САСА, како што додаде директорката, се стипендира од страна на МОН во износ од 3.500 денари за секој ученик.
-Во рамки на денешниот настан учениците и професорите ги претставија и струките Техничар за дизајн на облека, Геолошко-рударски техничар и Машински техничар, дуална паралелка. Исто така, беа претставени и гимназиските паралелки од Општествено-хуманистичко подрачје, Природно-математичко подрачје и Јазично-уметничко подрачје, додаде Донева-Гоцевска.
Отворениот ден покрај за информирање за постојните образовни профили во каменичката гимназија беше искористен и  за подобро запознавање помеѓу учениците. вс/хс/

Back to top button
Close
Close