Дописници МКДОпштински вести

Парична награда за првороденото бебе во Пехчево

Малата Каја Андоновска од Пехчево, денес ја доби паричната награда која традиционално ја доделува Општина Пехчево за првото новороденче во 2022 година. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој го посети семејството Андоновски, истакна дека ова е одличен почеток во насока на зголемувањето на наталитетот во Пехчево кој бележи пад.

Пехчево, 24 јануари 2022 (МИА) – Малата Каја Андоновска од Пехчево, денес ја доби паричната награда која традиционално ја доделува Општина Пехчево за првото новороденче во 2022 година. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој го посети семејството Андоновски, истакна дека ова е одличен почеток во насока на зголемувањето на наталитетот во Пехчево кој бележи пад.

– Сакам да им го честитам новороденото бебе на семејството Андоновски. На малата Каја и посакувам да биде здрава, жива, весела, радоста да ја следи во текот на целиот живот, успесите и достигнувањата да не ја одминат во текот на целиот живот, рече Китански.

Каја е втора рожба на родителите Марјана и Александар, тежи 3.300 грама, долга е 50 сантиметри и е родена на седмиот ден од Новата 2022 година.

– Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојата ќеркичка. Сепак ова ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа, изјави родилката Марјана.

Освен пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината, семејството од Општината ќе добие и 4.000 денари, како парична награда која општината ја доделува на семејствата со новородено дете. вс/ки/

Back to top button
Close
Close