Дописници МКДЛокални избори 2021

Папазов: Кочани ќе добие бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и вработување на младите

Во наредниот период грижата за младите ќе биде еден од приоритетите на новата локална власт со обезбедување поддршка на нивните бизинис идеи и можности за вработувања, истакна на денешната прес-конференција кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов.

Кочани, 26 октомври 2021 (МИА) – Во наредниот период грижата за младите ќе биде еден од приоритетите на новата локална власт со обезбедување поддршка на нивните бизинис идеи и можности за вработувања, истакна на денешната прес-конференција кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов.

-Како градоначалник на Општина Кочани и оваа локална самоуправа ќе го завршиме формирањето на општинскиот Младински совет и ќе ја унапредиме неговата работа. Во соработка со средношколските училишни центри во градот и регионалните високообразовни институции ќе формираме бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и донесување на нови вработувања. Просториите на спомен домот АСНОМ ќе ги ставиме во функција на младите креативни работници од областа на културата. Спортските терени и спортските сали ќе ги ставиме во функција на развој на младинскиот масовен спорт, а ќе формираме и нови велосипедски патеки, истакна Папазов.

Папазов додаде дека како иден градоначалник ќе ја послуша иницијативата на младите од Кочани да се создадат услови за организирање нов музички рок фестивал, што ќе го носи името на починатиот рокер Симеон Иванов – Канго. та/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close