Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Пандурски најави уредување на системите за водоснабдување и одводнување

Пехчево изобилува со природни богатства, има потенцијал за развој на малото стопанство, планинскиот туризам, земјоделството, сточарството и овоштарството. Во таа насока во наредните четири години, како што истакна кандидатот за градоначалник на Пехчево од  коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ Славчо Пандурски акцент ќе биде ставен на уредување на системите за водоснабдување и одводнување.

Пехчево, 24 октомври 2021 (МИА) – Пехчево изобилува со природни богатства, има потенцијал за развој на малото стопанство, планинскиот туризам, земјоделството, сточарството и овоштарството. Во таа насока во наредните четири години, како што истакна кандидатот за градоначалник на Пехчево од  коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ Славчо Пандурски акцент ќе биде ставен на уредување на системите за водоснабдување и одводнување.

-Исто така ќе обрнеме посебно вимание на ревитализација на градската и локалната патна мрежа. Согласно со нашата програма предвидена е и регулација на еден значителен дел од речното корито како и  оформување на централното градско подрачје, рече Пандурски.

Тој додаде дека во вториот круг граѓаните со заокружување на бројот 12 ќе ја донесат одлуката, а тој како градоначалник преку напорна работа ќе се залага за зацртаните цели. вс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close