Дописници МКДОпштински вести

Пазарот „Чешел“ во Струмица ги отвора вратите за уличните продавачи

Од четврток уличните продавачи ќе можат да ги продаваат своите производи на пазарот „Чешел“ во Струмица, кој досега работеше само во сабота, кога е пазарен ден, а сега ќе работи секој ден освен недела.

Струмица, 6 декември 2021 (МИА) – Од четврток уличните продавачи ќе можат да ги продаваат своите производи на пазарот „Чешел“ во Струмица, кој досега работеше само во сабота, кога е пазарен ден, а сега ќе работи секој ден освен недела.

Со оваа одлука се спроведува заклучокот на Локалниот совет за превенција од 3-ти овој месец, кога беше најавено дека со заедничка и координарана акција ќе се отстрануваат нелегалните продавачи од улиците и околу пазарите во Струмица, кои го узурпираат јавниот простор.

-Со тоа им овозможуваме на сите лица кои секојдневно продаваа производи на недозволени места да добијат свој легален простор за продажба, информираа од ЈПКД „Комуналец“.

Оттаму потенцираат дека секое продавање надвор од пазарот или по улиците на градот ќе биде санкционирано од Општинските испекцисски служби.

Инаку, по одржувањето на состанокот на Советот за превенција беше забележливо засиленото присуство на полицијата и инспекцијата во центарот на градот и околу пазарите за отстранување на нелегалните продавачи, кои на овие места подолго време продаваа најразлични производи.рт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close