Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Падна првиот снег во Малешевијата

Падна првиот снег во Малешевијата. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско, каде од утрово интензивно паѓа снег, додека во останатите општини од Пијанечко-Малешевскиот регион Македонска Каменица, Делчево и Берово преовладуваат врнежи од дожд.

Пехчево, 14 октомври 2021 (МИА) – Падна првиот снег во Малешевијата. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско, каде од утрово интензивно паѓа снег, додека во останатите општини од Пијанечко-Малешевскиот регион Македонска Каменица, Делчево и Берово преовладуваат врнежи од дожд.

Сообраќајот, како што јавуваат возачи, се одвива по влажни коловози, на места прекриени со снег.

Целокупниот сообраќај на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово се одвива без одрони и проблеми на патиштата. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close