Дописници МКДОпштински вести

Охрид го чествува Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј

Со панихида во домот на културата „Свети Кирил и Методиј“ , положување цвеќе пред споменикот во Градскиот парк и доделување награди на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта денеска во Охрид завршуваат чествувањата посветени на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Охрид, 24 мај 2022 (МИА) – Со панихида во домот на културата „Свети Кирил и Методиј“ , положување цвеќе пред споменикот во Градскиот парк и доделување награди на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта денеска во Охрид завршуваат чествувањата посветени на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Честитајќи го денот на посветен на браќата Кирил и Методиј, секретарот на Општина Охрид Александар Китески, заклучи дека нивното дело, нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста.

Делото на браќата Кирирл и Методиј, нагласи, е посебно важно за охриѓани, бидејќи нивните ученици Светите Климент и Наум, во Охрид ќе го основале сесловенскиот духовен и книжевен центар.

– Охридската книжевна школа по својот идентитет е духовен извор со посебни карактеристики, диференцијално етаблиран повеќе од било кој словенски духовен центар и претставува темел на продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Со посебен пиетет го чествуваме нивното извонредно епохално и просветителско дело и нивното огромно значење за Македонија, Европа и Светот изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век, истакна Китоски.

Кирил и Методиј, додаде, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура.

– Правејќи го цивилизацискиот чекор за Европа, преку создавање на нашата прва азбука – глаголицата, солунските браќа им дадоа насоки на своите следбеници во создавањето на кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо, нагласи секретарот на Општина Охрид.

Просветителска мисија на Кирил и Методиј, забележа, отсекогаш била инспирација за нашите деца, нашите ученици, тоа, според него, го покажуваат постигнатите резултати и бројни награди, на регионални, државни и меѓународни натпревари. На 250 ученици од охридските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари им беа доделени енциклопедии.

– Образованието е клучот што ја отклучува златната порта на слободата, а еднаш просветлен ум не може повеќе никогаш да биде мрачен. Ние како локална власт пак, ќе го поддржуваме секој ваш успех и ќе работиме на создавање услови за реализација на секој ваш добар проект, зошто само така може да градиме напредно општество, им порача Китоски на најмладите.

Во рамките на годинашните чествувања, вчера беше промовирана „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго- Димоски. сс/дма/

Back to top button
Close
Close