Дописници МКДОпштински вести

Охридските земјоделци најмногу бараат ИПАРД-средства за модернизација на механизацијата

Најмногу апликации се поднесени за модернизација и инвестиција на земјоделски стопанства, што предвидува набавка на земјоделски машини, приклучна механизација, како и за нови овошни и лозови насади со наводнување „капка по капка“.

Охрид, 27 јануари 2022 (МИА) – Земјоделците од охридскиот регион најмногу интерес пројавиле за користење ИПАРД средства за обновување или набавка на нова механизација.

Најмногу апликации се поднесени за модернизација и инвестиција на земјоделски стопанства, што предвидува набавка на земјоделски машини, приклучна механизација, како и за нови овошни и лозови насади со наводнување „капка по капка“.

Помалку барања има за мерките 2 и 3 за добивање финансиска поддшка за преработувачки капацитети, како и за диверзификација и развој на рурални средини – селски туризам, со помош при изградба на објекти за сместување и соодветна придружна инфраструктира во руралните средини.

Причина за послабиот интерес за мерките 2 и 3 се отуството на урбанистички планови за селските населени места, што е предуслов за добивање дел од средствата предвидени за таа намена.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 15 дена го продолжува рокот за поднесување апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површинска вода. аб/мч/

Back to top button
Close
Close