Дописници МКДОпштински вести

Охридскиот каридоваскуларен центар дел од проект за едукација и справување со случаи на срцеви удари надвор од болничките установи

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан” од Охрид денеска го промовираше проектот „Heart Safe Cities” финансиран од Европската унија, што ќе се реализира во рамки на програмата Interreg IPA – CBC за прекугранична соработка со Република Грција.

Охрид, 18 октомври 2021 (МИА) – Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан” од Охрид денеска го промовираше проектот „Heart Safe Cities” финансиран од Европската унија, што ќе се реализира во рамки на програмата Interreg IPA – CBC за прекугранична соработка со Република Грција.

Проектот има за цел поефикасно и поефективно справување со итни случаи на срцев удар надвор од болниците, а во насока на спасување што поголем број човечки животи.

Како што беше појаснето на презентацијата, меѓу главните цели на проектот е подигање на свесноста за сериозноста на инцидентите со срцев удар и подобрување на информираноста за начините на кои може да се спречат или ефикасно да се менаџираат. Исто така предвидена е масовна обука на граѓани за нивна подготвеност за брза реакција, потоа обука на соодветни обучувачи од страна на медицински персонал, подобрување на капацитетите за ефективно управување преку обезбедување АЕД (автоматски надворешни дефибрилатори) во избрани градски места, подобрување на услугите за поддршка и итна медицинска помош во локалните и регионалните единици за здравствена заштита и зголемување на целокупниот капацитет за обезбедување на прва помош на ниво на градот Охрид.

Како дел од проектот е и обнова и надградување на медицинската опрема на болницата „Свети Стефан“ како регионален центар што згрижува околу 350 илјади пациенти од регионот. Предвидена е набавка на апарат за ехокардиографија, централен мониторинг за пациенти во интензивна нега, автоматски надворешни дефбрилатори, ЕКГ апарати и комплетно опремено амбулантско возило.

Преку спроведување соодветни обуки за базично и напреднато одржување во живот, Кардиоваскуларниот центар континуирано работи на подобрување на здравствените услуги за потребите на граѓаните на Охрид и регионот. аб/рп/

Back to top button
Close
Close