Општински вестиСкопје

Отстранети 122 непрописно паркирани возила на јавни површини во Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини во Скопје.

Скопје, 27 мај 2022 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини во Скопје.

– Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија градските власти.

Воедно, од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, додаваат од Град Скопје. фф/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close