Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Отстранети паднати дрвја поради невреме на излезот од Тетово кон Гостивар

Тетовските пожарникари и вработените во „Македонија Пат“ интервенираа во отстранување на паднати дрвја врз коловозните ленти на излезот од градот кон Гостивар во текот на раните утрински часови. До паѓање на дрвјата дојде поради невремето кое утринава во Тетово со силен ветер и интензивен дожд.

Тетово, 17 септември 2021 (МИА) – Тетовските пожарникари и вработените во „Македонија Пат“ интервенираа во отстранување на паднати дрвја врз коловозните ленти на излезот од градот кон Гостивар во текот на раните утрински часови. До паѓање на дрвјата дојде поради невремето кое утринава во Тетово со силен ветер и интензивен дожд.

– По силното невреме со дожд и силен ветер што го зафати тетовскиот регион, патот Тетово-Гостивар, на излез од Тетово беше блокиран поради големи паднати дрвја. Екипи од Теритотијалната противпожарна единица и „Македонија пат“ ги сечеа дрвјата и ги острануваа од коловозните ленти за да може непречено да се одвива сообраќајот, изјави Ука Алити, командант на тетовскатта пожарна.

Пожарникарите вчера гасеа голем пожар на отворено на другата страна од градот долж стариот пат за Скопје и во правец на Желино.ас/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close