Општински вестиСкопје

Отстранети две големи диви депонии во рамките на акцијата за чистење на општина Аеродром

Во текот на претстојниот викенд ќе биде финализирана акцијата за пролетно генерално чистење на скопската општина Аеродром што ја спроведуваат Градот Скопје и јавните градски претпријатија.

Скопје, 8 април 2022 (МИА) – Во текот на претстојниот викенд ќе биде финализирана акцијата за пролетно генерално чистење на скопската општина Аеродром што ја спроведуваат Градот Скопје и јавните градски претпријатија.

Како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во рамките на акцијата, досега расчистени се две поголеми диви депонии во оваа општина лоцирани на улицата 1619 и во реонот под Железничкиот мост, при што биле подигнати и транспортирани вкупно 126 кубни метри отпад.

Во текот на денешниот ден ќе се врши отстранување на три помали диви депонии лоцирани во близина на Транспортниот центар и на улицата Бојмија.

-Претпријатието континуирано врши и рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации. Од почетокот на акцијата, во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје се одложени приближно 100 кубни метри кабаст отпад што во текот на викендов ќе бидат транспортирани од страна на екипите на Претпријатието, е наведено во соопштението.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close