Дописници МКДЕкономијаОпштински вести

Отворен повик за учество на Меѓународен натпревар за квалитет на мед во Тетово

Сите заинтересирани пчелари од денес може да се пријават на повикот за учество на меѓународниот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед 2021“ (Tetovo Honey awards 2021) во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ во партнерство со Факултетот за прехрабена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Ова е трет ваков натпревар, што за првпат во 2019 го организираа двете тетовски здруженија.

Тетово, 25 септември 2021 (МИА)Сите заинтересирани пчелари од денес може да се пријават на повикот за учество на меѓународниот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед 2021“ (Tetovo Honey awards 2021) во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ во партнерство со Факултетот за прехрабена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Ова е трет ваков натпревар, што за првпат во 2019 го организираа двете тетовски здруженија.

-Рокот за достава на примероци на мед е од 25 септември до 15 октомври. Натпреварувачкиот карактер е во три категории.  Во првата категорија се оценува мед и мед во саќе, во втората категорија пчелни проивзоди-мешавина на мед со пчелни производи, прополис капки, перка, полен, матична млеч и восок. Дизајн и амбалажа за пакување на мед е третата категорија која ќе се оценува од стручно жири,  информираат од здруженијата.

За пријавување, пчеларите трева да се регистрирани и да имаат регистерски број (РБО) од Министерството за земјоделство, потоа да испратат две тегли мед од по 500 грама како и да платат партиципација од 20 евра.ас/

Back to top button
Close
Close