Дописници МКДОпштество

Отворена манифестацијата „Денови на медот“ во Кочани

Во Кочани денеска беше отворена 23. манифестација „Денови на медот“ чиј домаќин и организатор е пчеларското здружение „Матица“, а на која своите производи ги претставуваат повеќе пчелари од различни краишта на државата.

Кочани, 23 октомври 2021 (МИА) – Во Кочани денеска беше отворена 23. манифестација „Денови на медот“ чиј домаќин и организатор е пчеларското здружение „Матица“, а на која своите производи ги претставуваат повеќе пчелари од различни краишта на државата.

На отворањето присуствуваше и заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој истакна дека Министерството ќе настојува и понатаму да соработува со пчеларите и да го помага пчеларството како гранка во подем.

– Медот е важен домашен производ за македонското стопанство. Во последните три-четири години има зголемување на пчелните семејства за десет илјади, што покажува дека политиките што се преземаат се движат во добар правец. Тоа не значи дека е доволно, бидејќи секоја година е различна, поради што во дискусиите заедно со пчеларите ќе продолжиме да градиме заеднички политики и во иднина, истакна Димковски.

Од име на градот домаќин присутните ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев, при што нагласи дека кочанскиот регион изобилува со природни реткости погодни за пчеларење.

– Посебно важно е што со прогласувањето на дел од Осогово за заштитено подрачје се создаваат огромни можности за брендирање на медот, што ќе овозможи негов подобар пласман и повисока цена. Радува податокот што бројот на пчеларите и на пчелните смејства од година во година расте, што значи дека сме на добар пат пчеларството да биде значаен бизнис, истакна Илијев.

Пред присутните зборуваа и Борчо Атанасов, секретар на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани и Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија. та/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close