Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Отворена изложба со тактилни слики во Битола

Во Битола е отворена изложба со тактилни слики појаснети со текст на Брајово писмо, изработени за лица со оштетен вид.

Битола, 4 декември 2021 (МИА) – Во Битола е отворена изложба со тактилни слики појаснети со текст на Брајово писмо, изработени за лица со оштетен вид.

Станува збор за 22 нови тактилни слики, фотографии и текст, како и 22 нарации со описи за предметите и 22 видеозаписи на знаковен јазик, информираа д-р Ирена Ружин, раководител и м-р Јове Парговски, координатор на проект.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Новите 22 тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид ја дополнија колекцијата од вкупно 100 тактилни слики што се дел од поставката во НУ Завод и Музеј-Битола. Описите на предметите ги изработија стручни лица од музејот и надворешни соработници, посочија Ружин и Парговски.

Проектот за изработка на тактилни слики е поддржан од Министерството за култура. мт/хс/

Back to top button
Close
Close