Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Отворена изложба од колонијата „Свети Јоаким Осоговски“ во Штип

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека во фоајето публиката може да ги види делата на познати македонски, но и на светски уметници, кои своите дела ги реализирале во текот на колонијата. Забележа дека уметниците оставаат трајни вредности во манастирскиот комплекс, а нивните дела потоа можат да ги видат граѓаните низ цела држава.

Штип, 1 декември 2021 (МИА) – Во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ од денеска публиката ќе може да ги види делата од меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.

Директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека во фоајето публиката може да ги види делата на познати македонски, но и на светски уметници, кои своите дела ги реализирале во текот на колонијата. Забележа дека уметниците оставаат трајни вредности во манастирскиот комплекс, а нивните дела потоа можат да ги видат граѓаните низ цела држава.

– Она што е значајно е дека оваа колонија е меѓународна и во неа учествуваат уметници од цел свет. Знаеме дека колонијата ја завршија во исклучително тешки услови, поради пандемијата, но оставија вредни дела, коишто ќе бидат оставштина на Крива Паланка и на нашата држава, вели Трајков.

Писателот и драматург, Трајче Кацаров на денешното отворање на изложбата истакна дека со делата добиле писмо и од организаторот, кој информира дека колонијата постои 35 години, а досега во неа учествувале над 400 уметници од сите континенти и имаат колекција од  околу 600 дела. вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close