Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Осум лекари од Здравствениот дом во Македонски Брод на специјализација во Скопје

Осум лекари од Здравствениот дом во Македонски Брод последните две години  се упатени на специјализација во Скопје.

Кичево, 25 октомври 2021 (МИА) –  Осум лекари од Здравствениот дом во Македонски Брод последните две години  се упатени на специјализација во Скопје.

Директорот на Здравствениот дом Жарко Симески, информира дека најпрво се упатени четворица лекари на четири специјалистички гранки, по еден на гинекологија, интерна медицина, на офталмологија и на ренген дијагностика, за потоа да се упатат уште четворица лекари и тоа по еден на трудова медицина, ургентна медицина, на педијатрија и на медицинска биохемија.

– За да не патуваат нашите сограѓани во други градови на преглед и да не се изложуваат на дополнителни трошоци, изминативе две години упативме дури осум лекари од нашиот Здравственен дом на специјализација во Скопје. Најпрво беа упатени по еден лекар на гинекологија,интерна медицина,офталмологија и ренген дијагностика, за во текот на овој месец да упатиме уште четворица лекари на специјализација во Скопје и тоа од следните гранки,трудова медицина,ургентна медицина,педијатрија и медицинска биохемија, изјави директорот Симески.

Тој подвлече дека во изминатите 23 години од овој град не е упатен ниту еден лекар на специјализација, а последниот лекар специјалист во овој Здравствен дом е единствениот интернист, кој пред точно 23 години се вратил од  специјализација, а наскоро и тој ќе замине во заслужена пензија.

Симески очекува по специјализацијата тие да се вратат во матичната здраствена установа во Македонски Брод.

– Наша цел е лекарите кои се упатени на специјализација по завршувањето на истата да се вратат во Здравствениот дом во Македонски Брод, за да му стојат на располагање на нашето население. Со осум специјалисти, кои ќе ги добиеме за 4,до 6 години, во зависност од должината на специјализацијата, нашиот Здравствен дом ќе добие сосема нова физиономија и речиси најголем дел од нашите сограѓани своите здравствени услуги во целост ќе ги добиваат токму тука од нашите специјалисти, посочи директорот Симески. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close