Дописници МКДОпштински вести

Основците од Крива Паланка следеа едукација за превенција и заштита од пожари

Учениците од петто одделение во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски" денеска проследија предавање од надлежните во Територијалната противпожарна единица за превенција и заштита од пожари.

Крива Паланка, 30 септември 2022 (МИА) – Учениците од петто одделение во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” денеска проследија предавање од надлежните во Територијалната противпожарна единица за превенција и заштита од пожари.
Активноста е во рамки на конкретните мерки на Локалниот совет за превенција, превентивни мерки и подобра информираност на младите за заштита и безбедност од пожари.
-Презентацијата на тема „Заштита од пожари во урбани средини“ е прва конкретна активност на членовите на Локален совет за превенција врз основа на донесените заклучоци од конститутивниот состанок пред два дена. Околу 80 ученици од ООУ „Јоаким Крчовски”, поделени во две групи имаа несекојдневна можност да се стекнат со општи познавања за пожарите со акцент на пожарите во урбаните заедници, како и заштита од истите. Целта на оваа презентација е да се подигне степенот на противпожарна култура кај младите и да се намалат последиците и материјалните штети предизвикани од пожари, информираа од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, посочи дека учениците се запознаа со мерките за превенција од пожари, процесите на горење, опасностите, мерките за превентивно-техничка заштита на објектите од пожари, средствата и постапките за гаснење на пожарите во урбаните средини.
-Она што сигурно остана во меморијата на учениците се телефонскиот број (193) на кој множат да се обратат во случај на незгоди од типот областа на пожарите, како и потребата за редовно чистење на оџаците, а особено сега кога почнува грејната сезона, додаваат од општината.ид/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close