0_Спорт.ПорталСпортТенис

Основан нов тениски клуб во Кавадарци

Слога Пром свечено во присуство на своите вработени го отвори Тенискиот клуб Слога. Воедно, како дел од клубот беше промовирано и тениското игралиште лоцирано во кругот на самата компанија.

Кавадарци, 2 октомври 2022 (МИА) – Слога Пром свечено во присуство на своите вработени  го отвори Тенискиот клуб Слога. Воедно, како дел од клубот беше промовирано и тениското игралиште лоцирано во кругот на самата компанија.

Тениското игралиште е придонес од компанијата Слога Пром и е наменето за вработените, за децата на вработените, а ќе биде достапно и отворено и за младите од Кавадарци и околината кои сакаат да тренираат тенис. Според компанијата, целта на создавањето на овој клуб и игралиштето е да се поттикнат и мотивираат вработените  и нивните семејства на физичка активност,тимска работа и тимски дух.

– Создавањето на овој тениски клуб и игралиштето започна како идеја да им овозможиме на вработените место за рекреација и релаксирање. Во текот на реализацијата, гледајќи колку недостигаат вакви центри и колку е неопходно да се промовираат спортските и физичките активности меѓу сите генерации, ги проширивме намената и целта, така што денеска сме горди што го направивме ова игралиште и создадовме место, каде освен вработените и сите граѓани на Кавадарци, а посебно децата, ќе може да се рекреираат, натпреваруваат и спортуваат и со тоа да се развијат во среќни и здрави возрасни луѓе. Веруваме дека на ваков начин, со создавање на спортско рекреативни капацитети, можеме многу да придонесеме за здравиот начин на живот кај сите нас. Ова е исполнување на една општо корисна иницијатива и е дел од нашата, компаниска општествено одговорна цел и мисија, да создадеме здрава и пријатна работна атмосфера за нашите вработени и да придонесуваме за заедницата, за подобрување на состојбите и поголема грижа за граѓаните, изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога Прoм на свеченото во отворање на тенискиот клуб. 

Игралиштето е со димензии 37х18m и е целосно направено според стандардите на АТП. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close