0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Османи: Постигнувањето на договор со Бугарија, во себе да вклучува и почеток на преговори со ЕУ

За сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, постои простор за изнаоѓање на решение и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“.

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – За сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, постои простор за изнаоѓање на решение и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“.

Тој информира дека во моментов Владата работи на одговор на предлогот-решенијата на Софија во однос на петте прашања, но претходно треба да се состане Историската комисија. Османи не кажа конкретно дали кон крајот на месецов и почетокот на ноември ќе се потпише протоколот со Бугарија.

– Доколку се постигне договор за тие пет точки. Треба да има уште една точка, а тоа е да има поддршка од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција на одреден датум. Мора да има „пет плус две точки“ за да има договор. Ако се случи тоа, тогаш на меѓувладината комисија, треба да го усвоиме тој договор, кој ќе биде потврден од двете влади. И паралелно се разговара за позиција на тој патоказ во европскиот процес. И ние сметаме дека португалскиот предлог е решението, вели Османи.

Постигнување на договор со Бугарија, вклучува во себе и почеток на преговори на нашата држава со ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, кој рече дека е излишно прашањето за можноста да се постигне договор со Софија, а да не се почнат преговори со ЕУ.

– Нема да постигнеме договор, ако дел од пакетот не е и одлука за одржување на прва меѓувладина конференција, вели Османи.

Тој информира дека пред да се испрати одговорот на Бугарија за петте прашања, треба да се состане Историската комисија, за кој Османи изрази незадоволство од нејзината работа и од пристапот наметнување на една историска вистина.

– Се надевам дека средбата на Историската комисија ќе се одржи со физичко присуство, а не онлајн. Затоа што сметам дека со директните и отворени разговори ќе може се дојде проактивно до тие решенија. Ова е толку важен момент и сметам дека треба сите да бидеме на ниво на задачата и да се обидеме да стигнеме до решенија, нагласи Османи.

Министерот за надворешни работи нагласи дека на самитите на ЕУ, 26 земји-членки кажуваат дека се „за“  почеток на преговори со Унијата, а единствена која вели „не“ на последните самити е Република Бугарија.

Османи потенцира дека целата енергија на Владата е насочена да се постигне договор со Бугарија и на декемврискиот самит да се одлучи Република Северна Македонија да почне преговори со Унијата. Ако не успееме до декември, продолжуваме понатаму. Ова е маратон и ние немаме друга лента за трчање, Како што станавме членка на НАТО, така ќе станеме и членка на ЕУ, истакна Османи. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close