0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Османи: Извештајот на ЕК недвосмислен повик за старт на преговорите без натамошно одложување

Европската комисија со овогодинешниот Извештај, но и со нејзината стратешка комуникација во однос на пакетот за проширување испраќа силен и јасен сигнал дека кредибилната политика на проширувањето останува да биде клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски развој во цела Европа. Во согласност со позитивните оценки од страна на ЕК за земјата по однос на сите параметри доаѓа и недвосмислениот повик кон земјите членки, без натамошно одложување да се завршат дискусиите за одржување на првата Меѓувладина конференција, која треба да се одржи што е можно поскоро за време на Словенечкото претседателство со ЕУ.

Back to top button
Close
Close